ЕУ ја укинува визната либерализација за Русите
Еврокомесарот за надворешна политика Борел објасни-целта е да се спречи тие што ја поддржуваат војната во Украина да патуваат за задоволство во Европа...

ЕУ ја укинува визната либерализација за Русите. Еврокомесарот за надворешна политика Борел објасни-целта е да се спречи тие што ја поддржуваат војната во Украина да патуваат за задоволство во Европа.
Во меѓувреме, тимот инспектори на МААЕ во проверка на безбедноста на окупираната централа Запорожје. Украинскиот претседател Зеленски обвини за руски провокации на рутата Киев-Запорожје по која се движеше тимот, и изјави дека бомбардирањата околу објектот продолжуваат.
Портпаролот на Кремљ, Песков, пак, претходно изјави дека Русија ќе ја гарантира безбедноста на мисијата на МААЕ во областите контролирани од руските сили околу нуклеарката.
