Регион

Почна примената на договорот меѓу Белград и Приштина за личните документи

01.09.2022 10:05

Со овој договор се олеснува движењето кое засега се одвива нормално. Од денеска почнува да тече и двомесечниот рок за пререгистрација на возилата со српски таблички.

На граничните премини меѓу Србија и Косово од денеска се применува договорот за личните документи. Србите од Косово и натаму можат да патуваат со српски документи, а Србија нема да издава дополнителни документи за сопствениците на лични карти издадени од косовските власти. Со овој договор се олеснува движењето кое засега се одвива нормално. Од денеска почнува да тече и двомесечниот рок за пререгистрација на возилата со српски таблички.

„Мислам дека ќе се договорат за ова. Косовските лидери и нашите лидери. Ќе најдат заедички јазик, мораат. Народот мора да живее, и косовските Албанци и ние, Србите. Мораме да комуницираме, да работиме, патуваме.“

Единиците на КФОР остануваат во регионот. Според нив, засега не постои ризик од вооруже конфликт.