Велигденските празнувања во Струмица

18.04.2014 12:42

Во исчекување на големиот христијански празник Велигден, секој ден има посебно значење и посебни подготовки. Денешниов пак е најтажниот-распетието на Исус Христос, а се одбележува со најстрог пост и свети литургии

Православните христијани продолжуваат со велигденските празнувања. Велики петок денот на распетието на Исус. Со свети литургии и принесување на бескрвна жртва, со читање извадоци од евенгелијата во кој се опшитува страдната недела, православниот свет ги одбележува последните денови пред празникот над празниците Христовото воскреснување Велигден. Вчера домаќинките ги подготвија црвените јајца симболот на победата на животот над смртта. Домаќинките ја подготвуваат празнилната трпеза.

Младите имаат интерес за почитување на традицијата, вели Мафкова. Се повеќе се навраќаат и на празничните специјалитети кои ги правеле нивните баби- Магдалена Мафкова

Вечерва со света богослужба симболично ќе биде изнесена покривката која го симболизира гробот на Исус. Потоа трипати се обиколува црквата со покривката што го симболизира Исусовото погребување придружено со звуци на тропала. Според христијанското учење, страдањето му претходи на воскресението, а без страдање и смрт нема воскресение.

Православниот канон за Велики петок предвидува строг пост со вода, а многу верници на тој ден не пијат, ниту јадат до зајдисонце. во знак на таговно сеќавање. На овој ден не се работи ниту дома, ниту на поле.

Катерина Давчева