Жртви во напад со нож, полицијата трага по двајца осомничени
Канадската полиција е во потрага по две лица, осомничени дека со нож усмртиле десетмина, а раниле најмалку 15 лица во провинцијата Саскачеван...

Канадската полиција е во потрага по две лица, осомничени дека со нож усмртиле десетмина, а раниле најмалку 15 лица во провинцијата Саскачеван. Нападите биле извршени на повеќе локации. Полицијата води истрага на 13 места каде биле пронајдени мртви или повредени лица. Според истражителите, жртвите биле напаѓани по случаен избор.
„Двајцата осомничени, Демијен и Мајлс Сандерсон биле со возило. Во 9 часот и 45 минути во провинцијата била пратена и четвртата тревога за опасни лица, сигнализирајќи повеќе жртви на повеќе локации“, изјави Ронда Блекмур, помошник комесар на РЦМП.
Во регионот е прогласена вонредна состојба.
