Русија
Осуммина загинати при искачување на вулкан на Камчатка
05.09.2022 09:52
Групата тргнала во вторникот, а во саботата кога алпинистите пристигнале на височина од околу 4.200 метри, при пад во провалија настрадале неколку члена...

Осум лица загинаа при искачување на вулкан на Камчатка. Групата тргнала во вторникот, а во саботата кога алпинистите пристигнале на височина од околу 4.200 метри, при пад во провалија настрадале неколку члена.
Спасувачкиот хеликоптер не успеал да стигнат до нив поради силниот ветар. Кључевската Сопка е највисокиот од 160-те вулкани на рускиот полуостров и е дел од светското наследство на УНЕСКО. Ноќните температури може да достигнат и до 14 степени Целзиусови под нулата.
