Украина

Зеленски: Напредуваме на јужниот и источниот фронт

05.09.2022 09:53

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека неговите сили зазеле две населби на југот, трета населба на истокот и уште една територија на истокот на земјата...

194 дена од руско-украинската војна. Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека неговите сили зазеле две населби на југот, трета населба на истокот и уште една територија на истокот на земјата. Бара нов пакет санкции против Русија која ја обвини за енергетска војна.

Москва порача – подготвени сме за разговори со Киев, но постојат услови. Во меѓувреме, околу 100 германски војници стигнаа во Литванија откако Германија вети дека ќе го зголеми своето присуство на источното крило на НАТО.