Свет

Експлозија во руската амбасада во Кабул, бомбаш самоубиец активирал експлозив

05.09.2022 12:04

Две лица загинаа, а најмалку 11 се повредени кога бомбаш самоубиец активираше експлозив во близина на влезот на Амбасадата на Руската Федерација во Кабул. Загинаа двајца членови на персоналот на амбасадата, потврдија руските власти, наведувајќи дека има жртви и меѓу авганистанските цивили. Напаѓачот бил убиен додека се приближувал до капијата...

Две лица загинаа, а најмалку 11 се повредени кога бомбаш самоубиец активираше експлозив во близина на влезот на Амбасадата на Руската Федерација во Кабул. Загинаа двајца членови на персоналот на амбасадата, потврдија руските власти, наведувајќи дека има жртви и меѓу авганистанските цивили. Напаѓачот бил убиен додека се приближувал до капијата.

Вооружени чувари на руската амбасада во Кабул го забележале бомбашот самоубиец и го застрелале пред да стигне до целта, изјавил шефот на полицискиот округ во кој се наоѓа амбасадата, Мавлави Сабир, пренесе Ројтерс.

Според извештаите, бомбашот самоубиец активирал експлозив во близина на влезот на амбасадата и бил убиен додека се приближувал до капијата.

Експлозијата се случила кога рускиот дипломат излегол да го прочита списокот на оние кои чекаат на ред за визи, изјави поранешниот главен уредник на 1TVNews Хамид Хаидари, пренесува Спутник.

Русија е една од ретките земји што имаат амбасада во Авганистан, откако Талибанците ја презедоа власта пред една година.