Обединето Кралство

Официјално прогласување на британскиот крал Чарлс Трети

10.09.2022 09:49

Церемонијата ќе се одржи во палатата Сент Џејмс во Лондон. Според протоколот, прво се прогласува смртта на Кралицата Елизабета, а потоа новиот британски монарх ја презема должноста. Според традицијата, Чарлс ќе потпише заклетва дека ќе ја чува Шкотската протестантска црква...

Од денеска Чарлс Трети официјално ја презема кралската функција. Церемонијата ќе се одржи во палатата Сент Џејмс во Лондон. Според протоколот, прво се прогласува смртта на Кралицата Елизабета, а потоа новиот британски монарх ја презема должноста. Според традицијата, Чарлс ќе потпише заклетва дека ќе ја чува Шкотската протестантска црква. На негово барање, церемонијата за прв пат ќе биде емитувана во живо. По прогласувањето, британските министри одат на прва аудиенција кај кралот.

Обраќањето на Кралот Чарлс беше признание дека ќе го следи примерот на уставна монархија даден од неговата мајка. Зборуваше како ќе продолжи да ги негува тие принципи, уставните принципи. И говореше за тоа како ќе го следи нејзиниот пример во однос на должностите“, изјави Ед Овенс, историчар и аналитичар на Кралското семејство.

Протоколите што следуваат по смртта на кралицата Елизабета Втора се познати како „Операција Лондонски мост“. На првиот ден, Чарлс ќе биде прогласен за нов крал, а на десеттиот ден кралицата ќе биде погребана покрај сопругот, принцот Филип.

Кралицата почина на 96-годишна возраст во нејзиниот дом во Шкотска.