ХРВАТСКА

Жртви и повредени во железничка несреќа во Хрватска

10.09.2022 09:51

Жртви во судир меѓу патнички и товарен воз во близина на Новска, Хрватска. Меѓу повредените има и странски државјани...

Жртви во судир меѓу патнички и товарен воз во близина на Новска, Хрватска. Меѓу повредените има и странски државјани. Според првите неофицијални информации, загинале машиновозачот и кондуктерот.

Слушнавме удар, како да паѓаат покриви од куќи. Досега се нема случено вакво нешто. Ужасно беше.

Условите се ужасни. Не можевме да стигнеме до нив. Првите екипи и камиони кои стигнаа беа 120 метри од локацијата на несреќата. Моравме да најдеме алтернативни патишта за да стигнеме до возовите“, рече Златко Пиер, командир на противпожарна бригада.

Се претпоставува дека патничкиот не ја почитувал светлосната сигнализација, при што дошло до судир со товарниот воз кој, веројатно поради дефект, бил паркиран на пругата.