УКРАИНА

Зеленски: Ослободивме 30 населби

10.09.2022 09:57

Украинската војска во контраофанзива во Харков. Претседателот Зеленски тврди дека се ослободени 30 населби...

Украинската војска во контраофанзива во Харков. Претседателот Зеленски тврди дека се ослободени 30 населби.

Според претставникот на проруската администрација во Запорожје, Владимир Рогов, Украина еднострано го прекинала напојувањето на нуклеарната централа во Запорожје, но територијата која е под руска контрола, добивала струја. Меѓународната агенција за атомска енергија побара итен прекин на огнот.

Во ЕУ нема договор за ограничување на цената на рускиот гас. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ги повика сојузниците да му пратат на Киев зимска воена опрема.