СЕВЕРНА КОРЕЈА

ОН го повика Пјонгјанг на дијалог

10.09.2022 10:06

Обединетите нации ја повика Северна Кореја да продолжи со дијалогот со клучните страни за да се постигне одржлив мир и целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров. Пјонгјанг усвои закон за користење на превентивни нуклеарни напади, со што земјата се самопрогласи за нуклеарна сила...

Обединетите нации ја повика Северна Кореја да продолжи со дијалогот со клучните страни за да се постигне одржлив мир и целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.

Пјонгјанг усвои закон за користење на превентивни нуклеарни напади, со што земјата се самопрогласи за нуклеарна сила. Потегот следуваше откако САД, Јужна Кореја и Јапонија издадоа заедничко предупредување дека ќе одговорат заеднички на идната нуклеарна проба.

„Најголемото значење на законската рамка на политиката за нуклеарен развој е да се повлече неповратна линија за да не се ценкаме околу нашето нуклеарно оружје“, изјави севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ун.