Велигденска литургија во Радишани
На денот што претходи на победата на животот над смртта, меѓу распетието и воскресението, Велика сабота, во црквата св. Наум Охридски во скопско Радишани, се одржа свечена литургија, со која богослужеше поглаварот на МПЦ Охридска архиепископија. Верниците кои беа доследни на 7 неделниот пост, со молитва се покајаа, причестувајќи се во Божјите храмови и минувајќи под плаштеницата, што ја симболизира наметката Христова. Вечерва, верниците со црвено јајце в рака, масовно ќе го чекаат часот кој ќе го означи Воскресението Христово, празникот над празниците!