Регион
Вучиќ: Се заколнав над уставот, Србија никогаш нема да го признае Косово
13.09.2022 19:04
На специјална седница за Косово, тој додаде дека политиката беше водена меѓу саканото и можното. Според него, на Косово мора да се најде живот и за Србите и за Албанците...

„Се заколнав на уставот на Републиката дека Србија никогаш нема ни посредно ни непосредно да ја признае независноста на Косово и Метохија“, изјави српскиот претседател Вучиќ во Собранието.
На специјална седница за Косово, тој додаде дека политиката беше водена меѓу саканото и можното. Според него, на Косово мора да се најде живот и за Србите и за Албанците. Вучиќ нагласи дека Белград не создава криза, туку сака дијалог.
