Зеленски: Се стабилизира ситуацијата на повторно заземените области
Според Киев, Украина веќе контролира повеќе од 4.000 квадратни километри територија, а сега и стабилизира уште толку...

„Во тек е стабилизација на ослободените области“, изјави украинскиот претседател Зеленски. Руските сили се повлекоа од стотици градови и населени места во североисточниот дел на земјата. Според Киев, Украина веќе контролира повеќе од 4.000 квадратни километри територија, а сега и стабилизира уште толку.
„Полесно е. Најважно е што нема опасност од небото.“
„Кога ракетираат, страшно е бидејќи ве болат ушите. Тешко е да се преживува ова.“
„Ова е апсолутен пресврт во војната бидејќи ги покажува мотивираноста и моќта на украинската војска и покрај тоа што Русија има повеќе оружје“, изјави Хана Малиар, заменик-министер за одбрана на Украина.
„Пишувале на ѕидовите колку дена минале овде. Некој напишал 72 дена“, рече Сергих Болвинов, шеф на истражниот оддел на полицијата.
Москва не гледа шанса за дијалог, а Кремљ предупреди дека воените активности нема да запрат додека не бидат остварени сите цели.
