Обединето Кралство

Ковчегот со телото на кралицата Елизабета е во Лондон

14.09.2022 09:39

Денеска почит ѝ се оддава во парламентот во Вестминстер каде што ќе остане четири дена...

Ковчегот со телото на кралицата Елизабета Втора е пренесен од Единбург во Бакингемската палата. Денеска почит ѝ се оддава во парламентот во Вестминстер каде што ќе остане четири дена.

Погребот ќе се изврши в понеделник. Обединетото Кралство не покани делегации од Русија, Белорусија и Мјанмар.