Европа

Фон дер Лајен: Народите на Западен Балкан, Молдавија, Грузија и Украина се иднината на ЕУ

14.09.2022 11:18

Прашањето за интеграцијата на нови земји-членки во ЕУ е трнливо и ги дели 27-те, но Урсула фон дер Лејен смета дека е потребно да се „преизмисли надворешната политика на ЕУ“ и да се зајакне со инвестирање во силата на демократијата, и да се продлабочат врските, особено со земјите кои се на влезот на ЕУ.

„Вие сте иднината на нашата Унија“, им порача Урсула фон дер Лајен на народите од Молдавија, Украина и земјите од Западен Балкан-кандидати за членство во ЕУ, за време на нејзиниот говор за состојбата на Унијата, при што и оддаде голема почит на храброста на Украина во отпорот на нејзиниот народ наспроти руската агресија.

Прашањето за интеграцијата на нови земји-членки во ЕУ е трнливо и ги дели 27-те, но Урсула фон дер Лејен смета дека е потребно да се „преизмисли надворешната политика на ЕУ“ и да се зајакне со инвестирање во силата на демократијата, и да се продлабочат врските, особено со земјите кои се на влезот на ЕУ.

Треба да се започне со оние кои се на патот за влезот на ЕУ, ние треба да бидеме покрај нив, при секој чекор, секој ден, бидејќи патот кој води кон посилна демократија, патот кој води кон ЕУ е истиот пат.

Претседателката на Европската комисија од Стразбур испрати и директна порака до народите од Западен Балкан, дека нивното место е во ЕУ.

Поради тоа народите од Западен Балкан, Молдавија, Украина и Грузија, тие треба да знаат дека се дел од нашето семејство. Вие сте иднината на нашата Унија и нашата Унија нема да биде целосна без вас. Тоа е пораката која им ја испраќаме, инсистираше претседателката на Европската Комисија пропратена со аплауз од ЕП.

Фон дер Лајен притоа направи и кратко појаснување за идејата за Европска политичка заедница.

„Ние видовме дека е важно да им се обратиме и на оние земји кои се надвор од процесот на проширување, затоа го поддржувам повикот за Европска политичка заедница“, изјави фон дер Лајен.

Таа притоа се осврна и на силите кои делуваат како „тројански коњи“ финансирајќи дезинформации, со што ја поткопуваат европската демократија и нејзините вредности.

Во присуство на првата дама на Украина, Олена Зеленски, облечена во боите на Украина, претседателката на Европската комисија, поздравувајќи ја храброста на украинскиот народ, рече дека е горда на европската реакција, бранејќи ги санкциите против Русија. Најавувајќи посета на Киев во текот на денот. Говорејќи за енергетската криза од која е погодена Европа поради таа оцени дека пазарот на гас „повеќе не функционира“ и дека Русија „манипулира“ со него за да ја казни Европа за поддршката за Украина.

Претседателката на Европската комисија предлага ограничување на „приходите на компаниите кои произведуваат електрична енергија по ниска цена“ и „кризен придонес“ од производителите на фосилни горива. Се надева дека тоа ќе ослободи 140 милијарди евра. „Тешко е да се прифати дека некои ја користат војната и прават мега-профити на грбот на граѓаните“, рече таа.

Урсула фон дер Лајен најавува и создавање на „наменска група“ која ќе размислува за начини за намалување на цената на гасот. Се размислува и за реформа на пазарот за енергична енергија, кој е поврзан со цената на гасот. Посочувајќи ја определбата на Европа да издржи во „важноста“ на Европскиот зелен договор. Овој договор меѓу 27-те има за цел да ги намали емисиите на стакленички гасови за најмалку 55% до 2030 година во споредба со нивоата од 1990 година и да постигне јаглеродна неутралност до 2050 година.

Тони Гламчевски