Азербејџан
Нови судири на границата со Ерменија
14.09.2022 11:33
Азербејџан и Ерменија ги обновија судирите, ден откако речиси 100 војници загинаа во најсмртоносните борби меѓу бившите Советски републики од 2020 година...

Азербејџан и Ерменија ги обновија судирите, ден откако речиси 100 војници загинаа во најсмртоносните борби меѓу бившите Советски републики од 2020 година.
Двете страни загубија околу 50-тина армиски припадници. Ереван и Баку меѓусебно се обвинуваат за најновите инциденти.
Доколку состојбата ескалира, постои ризик да се вмешаат сили како Русија и Турција и дополнително да се дестабилизира системот преку кој се пренесуваат енергенсите од овој регион.
