Сцена

Скопски џез фестивал од 13-ти до 16-ти октомври

13.09.2022 11:31

Фестивалот годинава е сочинет од извонредно силна програма, внимателно составена и исполнета со низа ексклузивни настапи на некои од најголемите имиња на современиот џез и креативната музика денес.

Четириесет и првото издание на Скопскиот џез фестивал, годинава ќе се одржи од 13 до 16 октомври, а ќе понуди 10 концертни настапи и еден документарен филм.

Фестивалот годинава е сочинет од извонредно силна програма, внимателно составена и исполнета со низа ексклузивни настапи на некои од најголемите имиња на современиот џез и креативната музика денес.

На отворањето на 13 октомври во НОБ, (20:00) ќе настапат Rob Mazurek Exploding Star Orchestra with Fame’s Chamber Orchestra, а истата вечер во МКЦ, од 23:00 сцената е резервирана за Zulu 3.4.

На 14 октомври во НОБ, 20:00 часот се Hamid Drake’s Turiya: Honoring Alice Coltrane, додека во МКЦ, во терминот од 23:00 часот е настапот на Abacaxi  и на Taxi Consilium

Третата вечер е настапот на Amaro Freitas Trio и Goran Kajfeš Subtropic Arkestra. Во МКЦ, пак, од 24:00  е бастапот на New Future City Radio (Damon Locks / Rob Mazurek / Mauricio Takara)

Последната вечер на 16 октомври на програмата е Thumbscrew и Ingebrigt Håker Flaten (Exit) Knarr

Во програмата плус на 12 октомври во МКЦ Кино Фросина, ќе биде прикажан документарниот филм Summer Of Soul.

Билетите за фестивалот се веќе достапни на билетарниците на НОБ, МКЦ и онлајн на МКтикетс.