Ерусалимскиот оган допатува од светиот град во Бигорскиот манастир
Стотици и стотици лица ожарени со пасхалната светлина, годинава традиционално, по шести пат го дочекаа Ерусалимскиот оган кој допатува од светиот град во Бигорскиот манастир.
Воскресението на верниците победоносно и годинава им го објави Бигорскиот архимандрит Партениј кој излезе на полноќ од светиот олтар со два снопа од по 33 свеќи запалени со благодетниот оган.
Велигден, празникот над празниците, денот на Христовата победа над смртта зазема централно место во богослужбениот годишен циклус на нашата света православна црква. Благодатниот оган е постојано Божјо чудо кое со векови се случува во светиот град Ерусалим, а со заложби и благослов на Бигорскиот архимандрит во 2009 година за прв пат на Велигден беше донесен и воМакедонија.
Ружица Аџикотарева