Велигденска литургија: Г.г. Стефан повика на духовно и национално обединување

20.04.2014 20:00

На полноќ поглаварот ја соопшти радосната вест. Синот божји воскресна од мртвите. Верниците го слават најголемиот христијански празник. Храмовите преполни, се одржуваат велигденските литургии. Поглаварот на македонската православна црква, г.г. Стефан повика на национално и духовно обединување.

„Човекот е создаден за заедница а не за да живее како единка, сам за себе. Да го чуваме единствто, духовно и национално, за доброто на нашата црква и татковина“, вели Г.г стефан – Архиепископ охридски македонски

Љубов  мир и  единство е она што го посакуваат верниците.

На светата велигденска литургија во соборниот храм и државниот врв. Пораки за мегусбено разбирање и почит .

„Да им се посветиме на нашите семејства, особено на нашите деца, да ги даруваме со многу љубов и многу радост, Христос воскресе“, рече Ѓорге Иванов- претседател на РМ

„Посветеноста и сплотеноста која што постои кај граѓаните и кај политичарите на овој ден, е пример како треба да биде во текот на целта година“, вели Трајко Вељановски- претседател на собранието на РМ

„Им посакувам на сите граѓани на Македонија, многу здравје, среќа, успеси, спокојство, мудри одлуки, движење напред кон поквалитетен живот и кон поцврста и посилна држава“, вели Никола Груевски- претседател на влада на РМ

Воскресението христово на полноќ беше објавено во сите храмови на македонската православна црква.се запазија и традициите , кршење со вапасани јајца – симбол на животот

Најголемиот христијански празник велигден е ден кога исус христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.

 

Андријана Атанасовска