Сирија
Нападнат аеродромот во Дамаск, има загинати
17.09.2022 09:51
Израел изврши воздушен напад на сирискиот меѓународен аеродром во Дамаск и на некои други места на југот на главниот град на земјата, при што загинаа петмина војници...

Израел изврши воздушен напад на сирискиот меѓународен аеродром во Дамаск и на некои други места на југот на главниот град на земјата, при што загинаа петмина војници.
Сириската воздушна одбрана го пресретнала нападот и успеала да собори поголем дел од ракетите.
Странските агенции пренесуваат дека Израел ги интензивирал нападите на сириските аеродроми за да ја наруши зголемената употреба на линиите за воздушно снабдување од страна на Техеран, кој ги снабдува со оружје неговите сојузници во Сирија и Либан, вклучително и Хезболах.
