Инциденти на Парадата на гордоста во Белград, приведен свештеник
И покрај забраната, учесниците попладнево се собраа за прошетка низ улиците на Белград во рамки на Парадата на гордоста...

И покрај забраната, учесниците попладнево се собраа за прошетка низ улиците на Белград во рамки на Парадата на гордоста. Српските власти ветија дека ќе ја гарантираат безбедноста, иако не дадоа зелено светло за маршот што е дел од европскиот прајд, ниту за десничарскиот собир планиран во исто време.
Но, собири имаше. Регистрирани се и инциденти. Има десетици приведени меѓу оние кои се собраа против прајдот, а кои фрлале со предмети кон полицијата и новинарски екипи. Меѓу нив е и свештеник.
Организаторите на парадата не се откажаа од намерата да прошетаат низ белградските улици. Србија е земја-домаќин на годинашната европска манифестација посветена на правата на ЛГБТ заедницата.
