„Европрајд“ во Белград

Нападнати и приведени учесници, повредени 13 полицајци

18.09.2022 10:07

Петмина учесници биле нападнати, 13 полицајци повредени, на настанот во рамки на „Европрајд“ во Белград приведени повеќе од 60 хулигани од насилните групи...

Петмина учесници биле нападнати, 13 полицајци повредени, на настанот во рамки на „Европрајд“ во Белград приведени повеќе од 60 хулигани од насилните групи.

Според информациите, станува збор главно за странски државјани, од Германија и Албанија.

„Европрајд“ ги повикува полицијата и другите надлежни органи итно да ги пронајдат и казнат сторителите, да ги утврдат сите околности и да го исполнат ветувањето дека безбедноста на сите учесници ќе биде загарантирана.