Турција

Ердоган сака членство во Шангајската организација

18.09.2022 10:07

Турција во моментов е преговарачка земја на организацијата, чии членки се Кина, Русија, Индија, Пакистан, Иран, Киргистан, Таџикистан, Казахстан и Узбекистан...

Турскиот претседател Ердоган рече дека сака членство на Турција во Шангајската организација за соработка.

Турција во моментов е преговарачка земја на организацијата, чии членки се Кина, Русија, Индија, Пакистан, Иран, Киргистан, Таџикистан, Казахстан и Узбекистан.

Исто така, има четири земји набљудувачи – Авганистан, Монголија, Белорусија и Иран – кои сакаат да станат полноправни членки на блокот. Две други земји веќе се во процес на пристапување.