Иран
Почина девојка претепана од полицијата
18.09.2022 10:08
Иранката Махса Амини, која беше претепана од полицијата за морал бидејќи не носела хиџаб, почина откако падна во кома...

Иранката Махса Амини, која беше претепана од полицијата за морал бидејќи не носела хиџаб, почина откако падна во кома.
Амини беше уапсена бидејќи наводно не се придржувала до строгите правила за покривање на главата.
Според очевидци, Амини била претепана во полициското комбе. Полицијата, пак, тврди дека „одеднаш имала проблем со срцето“.
Изминатиот период зачестија информациите за репресии врз жените, пред сè врз тие за кои е оценето дека не се придржуваат до исламскиот кодекс на облекување, на кои им е забранет влез во владини институции и банки.
