Велика Британија

Кралот Чарлс домаќин на светските лидери пред погребот на Елизабета Втора

18.09.2022 12:10

Велика Британија се подготвува за погребот на кралицата Елизабета Втора...

Велика Британија се подготвува за погребот на кралицата Елизабета Втора. Ожалостените чекаа во редици изминатите 24 часа за да ѝ оддадат почит пред нејзиниот ковчег.

На погребот ќе присуствуваат лидерите на САД, ЕУ, Франција, Јапонија и многу други земји. Шефовите на државите на Русија, Авганистан, Мјанмар, Сирија и Северна Кореја не се поканети. Кралот Чарлс е домаќин на десетици високи личности, на приемот вечерва во Бакингемската палата.