Регион

Поплавени патишта и подруми

18.09.2022 12:11

Централна Хрватска сè уште се справува со големи проблеми поради дождот кој паѓаше неколку дена. Бургас и населените места на бугарското крајбрежје, пак, се опоравуваат од штетите предизвикани од ураганската бура...

Централна Хрватска сè уште се справува со големи проблеми поради дождот кој паѓаше неколку дена. Најтешка е состојбата во градот на Озаљ, каде што биле затворени четири патишта, а водата навлегла во подрумите на куќите. Водостојот на купа во Карловац го надмина рекордното ниво од 1966 година.

Бургас и населените места на бугарското крајбрежје, пак, се опоравуваат од штетите предизвикани од ураганската бура. Најтешка е состојбата во Поморје, каде градоначалникот прогласи делумна вонредна состојба, свикан е кризен штаб. Поројниот дожд и ураганските ветрови предизвикаа огромни штети.