„13 најбарани луѓе“ на Енди Ворхол конечно пред очите на јавноста
Забранетото дело „13 најбарни луѓе“ на светски познатиот Енди Ворхол, на 27-ми април ќе биде изложено во музејот во Квинс, кој се наоѓа во зградата каде делото требало да биде изложено во 1964-та година.

Педесет години по цензурирањето, изложени ќе бидат и архивски документи и материјали кои досега не биле видени, писмо со одобрение на уметникот да се префарба делото, како и книга со фотографии од криминалци кои тогаш ги барала њујоршката полиција.
Ворхол бил еден од десетте уметници кои архитектот Филип Џонсон ги избрал да ги направат муралите на ѕидовите на њујоршкиот павилјон на Светската изложба, а славниот поп-арт уметник се одлучил за полициски фотографии на 13-те најбарани криминалци. Се испоставило дека неговото дело не одговарало на „семејниот карактер“ на изложбата, па така њујоршкиот гувернер Нелсон Рокфелер, кој сакал републикански кандидат да биде претседател на САД, наредил муралот на Ворхол да се префарба со образложение дека седум од 13-те криминалци се италијанци и дека не треба да се отуѓат припадниците на итало-американската заедница.
Споредбиографијата на Ворхол, делото морало да биде повлечено поради „некои политички работи“ кои, како што наведува „никогаш не ги разбрал“.
Моника Јовановска