„Бетон“ и „Интеркат“ вонсудски се спогодија, ќе продолжи ли изградбата на клиничката болница во Штип?!
Со 27 милиони евра кредит од Банката на Советот на Европа, во 2016-та година почна изградбата на новата клиничка болница во Штип. Изградбата запре пред две години заради долг на изведувачот кон штипски „Бетон“ како подизведувач. Банката го запре финансирањето заради доцнење на изградбата, по што владата одлучи да ја финансира изградбата. Деновиве градежните компании постигнаа договор за продолжување на соработката…

Надмината е пречката која ја закочи изградбата на новата клиничка болница во Штип. После тригодишниот судски спор во кој штипски „Бетон“ побаруваше околу два милиони евра од главниот изведувач, постигната е вонсудска спогодба.
Градоначалникот во улога на медијатор, очекува набргу да продолжат градежните работи.
Заради прекинот на соработката меѓу градежните компании, Банката за развој на Советот на Европа го повлече кредитот, по што Владата одлучи сама да го финансира проектот од витална важност на поширокиот регион. За таа намена со ребалансот на буџетот за оваа година намени два милиони евра.
Славица Величковска
