Фудбал

Грузија – Македонија на МТВ-1 утре од 19 часот и 50 минути

22.09.2022 21:46

Убедливиот пораз во Скопје не можеше да биде реванш на Грузија за нашиот триумф во баражот за претходното Европско првенство, но нам сè уште ни тежи. Затоа утрешниот натпревар во Тбилиси македонските фудбалери го очекуваат со желба да покажат дека квалитетот е на наша страна...

Убедливиот пораз во Скопје не можеше да биде реванш на Грузија за нашиот триумф во баражот за претходното Европско првенство, но нам сè уште ни тежи. Затоа утрешниот натпревар во Тбилиси македонските фудбалери го очекуваат со желба да покажат дека квалитетот е на наша страна, а доколку е така, ќе останат во трка за првото место во групата од Лигата на нации до последното коло в понеделник кога ќе ја пречекаме Бугарија.

„Ние дојдовме за да дадеме максимум, а противникот може да одигра или да не одигра. Кварачкелија е добар играч, но не може сам. Тимот е тој којшто победува. Сè додека има и најмали шанси за пласман понатаму ние ќе се обидеме да ги искористиме“, вели селекторот на Македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски.

Според рејтингот, Грузија е на наше ниво, па не е чудно што во последно време често играме со неа во Лигата на нации. Премиерното издание на ова натпреварување нам ни го донесе најголемиот фудбалски успех – дебитантскиот пласман на европско првенство за исполнување на деценискиот сон. Токму затоа пред секоја пресметка со Грузијците со задоволство се потсетуваме на 12-ти ноември 2020-тата. Но тоа е историја, а како ќе биде овој пат, следете во преносот на МТВ-1 од 17 часот и 50 минути.

Тони Стојановски