Федерер: Во иднина повеќе играчи ќе освојат пет или повеќе слемови

27.09.2022 18:42

Сега терените се побавни. Темпото во салите не е исто како порано. Тогаш топката се одбиваше со молскавична брзина – како од дрво. Затоа, верувам дека во иднина многу повеќе тенисери ќе освојат пет или повеќе Грен слема.

Дваесеткратниот грен слем шампион Роџер Федерер верува дека во иднина некој тенисер ќе може да го повтори или подобри неговото достигнување на големите турнири.     

Сега терените се побавни. Темпото во салите не е исто како порано. Тогаш топката се одбиваше со молскавична брзина – како од дрво. Затоа, верувам дека во иднина многу повеќе тенисери ќе освојат пет или повеќе Грен слема.

Сигурен сум дека ќе има тенисери со повеќе од 20 Грен слем титули во следните неколку години. Но, не сакам да издвојам некој конкретно, го цитира Федерер Тенис Мејџорс. 

Федерер викендот на Лејвер купот го одиграа својот последен меч во богатата кариера и е еден од тројцата (заедно со Новаќ Ѓоковиќ и Рафаел Надал) најдобри тенисери на светот во последните петнаесетина години.