Сцена

„ЕХО“ на Зарина Прва Севда ќе патува низ Македонија

28.09.2022 18:03

На овие концерти Зарина Првасевда ќе ги изведува песните од својот - прв официјален студиски албум, насловен „ЕХО“, кој го издаде за најголемата и најпродуктивна издавачката куќа на Балканот Croatia Records. Истиот е склоп од 11 традиционални песни од Балканот, спакувани во нови аранжмани, а отпејан на пет јазика и тоа: Македонски, Албански, Турски, Српски и Бугарски.

Зарина Првасевда после фантастичниот распродаден концерт во Македонската Филхармонија по повод издавањето на нејзиниот прв албум „ЕХО“, ќе одржи концерти придружувана од нејзиниот ансамбл во Кочани на 8-ми октомври, Битола на 13-ти и Демир Хисар на 14-ти октомври.

На овие концерти Зарина Првасевда ќе ги изведува песните од својот - прв официјален студиски албум, насловен „ЕХО“, кој го издаде за најголемата и најпродуктивна издавачката куќа на Балканот Croatia Records. Истиот е склоп од 11 традиционални песни од Балканот, спакувани во нови аранжмани, а отпејан на пет јазика и тоа: Македонски, Албански, Турски, Српски и Бугарски.

„Оваа т.н мини турнеја е нешто што со нетрпение го очекував да се случи после оној концерт  во Македонската Филхармонија кога мене лично ми се случи второто раѓање и едно вистинско реобликување за какво што претходно можев само да сонувам. Признавам дека сонував и овојпат...и еве уште еден од соништата станува реалност, само умножен во три нови датуми и три нови градови, сите од нив со посебно значење во моето срце. Вистински е голема радоста и меракот да пејам во родниот град, на моите Демирхисарци, во Битола - мојот втор дом и голема љубов како и во Кочани, градот кој ме освои со близината која ме дели од најмагичните зајдисонца што некогаш сум ги посведочила. Она што за сигурно го знам е дека ќе имаме можност повторно заедно да ја одживееме магијата и синергијата што ни се случи нам присутните во Македонската Филхармонија , преку фреквенцијата на музиката да се прегрнуваме, да плачеме и да се утешиме,  да и се радуваме , да ја помилуваме одблизу песната на народот , да ја налееме со љубов и одново да и дадеме крила , онака како што таа заслужува за да лета слободна и да патува се до онаму до кадешто некому ќе биде мелем. Кочани, Битола, Демир Хисар - едвај чекам“- вели Зарина.