Груевски на Самит на премиери на Југоисточна Европа
Македонска делегација предводена од претседателот на Владата Никола Груевски

Македонска делегација предводена од претседателот на Владата Никола Груевски, министерот за надворешни работи, Никола Поповски и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиескиe е во дводневна работна посета на Букурешт, Република Романија. Главниот настан во Букурешт е Самитот на шефовите на влади на Народна Република Кина и земјите од Централна и Источна Европа каде македонскиот премиер ќе ја претстави инвестициската клима во земјава. Кина веќе намени 10 милијадри евра поволни инвестициски кредити за земјите на Југоисточна Европа. На Самитот е најавено присуството на 17 премиери, меѓу кои и кинескиот Ли Кечијанг. Денеска Груевски има средба со романскиот премиер Виктор Понта, а потоа ќе оствари и одвоени средби со повеќе стопанственици од сферата на автомобилската индустрија, градежништвото и туризмот, како и средба со повеќе претставници на македонските иселеници во Република Романија.
