МЗШВ

Финансиска поддршка до 29 апликанти за набавка на опрема за производство на тутун

04.10.2022 11:25

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека вкупно 29 апликанти ќе ја искористат мерката за финансиска поддршка во набавка на опрема за производство на тутун...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека вкупно 29 апликанти ќе ја искористат мерката за финансиска поддршка во набавка на опрема за производство на тутун.

Поддршката кон земјоделците доаѓа преку Програмата за рурален развој мерка 121 Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства, односно подмерката 121.7 набавка на опрема за производство на тутун. За оваа мерка во текот на месец април од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој беше распишан јавен повик, кој траеше до 20 мај 2022 година.

Како корисници на оваа мерка се јавуваат земјоделските стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно законот за земјоделство и рурален развој.

Средствата од оваа мерка се наменети за инвестиции во набавка на опрема за производство на тутун, а максималниот износ на финансиската поддршка по корисник изнесува 4.500.000 денари.

Преку Програмата за рурален развој даваме поддршка на земјоделците во набавка на опрема и модернизација на земјоделството. Покрај овој јавен повик преку оваа програма обезбедивме поддршка за земјоделците во набавка на трактори, мандри, специјализирани комбајни за ориз и сушилници, како и поддршка за изградба на силоси каде веќе склучивме 24 договори.