Македонија

Ремонт на Блок 1 во РЕК Битола

04.10.2022 11:34

Во РЕК Битола е во тек е ремонт на Блок 1 кој е предвидено да заврши до 15-ти октомври, соопшти АД ЕСМ. Поради енергетската криза во државата и во Европа, ремонтите на блоковите во РЕК Битола годинава ќе бидат изведени за помалку од 30-тина дена, наместо вообичаените 45 и повеќе...

Во РЕК Битола е во тек е ремонт на Блок 1 кој е предвидено да заврши до 15-ти октомври, соопшти АД ЕСМ. Поради енергетската криза во државата и во Европа, ремонтите на блоковите во РЕК Битола годинава ќе бидат изведени за помалку од 30-тина дена, наместо вообичаените 45 и повеќе.

Фокусот е ставен на највиталните делови од постројките кои по техничко-технолошкото освежување треба да обезбедат стабилност на производството, стои во соопштението.

Од АД Електрани посочуваат дека ќе следуваат исти активности и на Блок 2. Во меѓувреме се очекува да пристигне трансформаторот за Блок 3, по што РЕК Битола, како што се наведува, би продолжил со работа со полн капацитет.