Компаниите очекуваат нови мерки, во спротивно најавуваат затворање на капацитетите и отпуштање работници
Претпријатијата се наоѓаат во исклучително тешка состојба. Започнат е процесот на намалување на вработените, редуцирање на производството и на затворање на капацитетите-велат од Стопанската комора. Се очекуваат нови владини мерки. За денеска е закажан Економскиот совет...

Стопанската комора до денеска ѝ даде рок на Владата да донесе конкретни мерки за помош на компаниите или ќе почнат да ги затвораат капацитетите. Стопанствениците предупредуваат дека сметките за струја се зголемени и за шест пати и се во многу тешка состојба, која очекуваат да ескалира со на отпуштање работници, намалување на производството и клуч на врата во следните два месеци кога ќе се склучуваат договорите за снабдување со струја за наредната година.
Од комората потенцираат дека сите компании од регионот и пошироко добиваат помош од државата, додека македонските се оставени сами да се снаоѓаат.
Премиерот Ковачевски вели дека ја разбира тешката состојба, но државата сè уште нема договор за снабдување со гас од Србија, нема ниту детали дали земјата ќе добива струја од Бугарија и Турција.
Иако требаше претходната недела, владата сè уште ги подготвува мерките кои треба да им помогнат на фирмите и граѓаните да ја пребродат енергетската криза.
