СЗО

Над 60 деца починаа во Гамбија од сируп за кашлица

06.10.2022 09:05

Смртта на десетици деца од Гамбија од акутни повреди на бубрезите можно е да е поврзана со контаминирани сирупи за кашлица и настинки од индиски производител на лекови-предупреди генералниот директор на Светска здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејезус...

Смртта на десетици деца од Гамбија од акутни повреди на бубрезите можно е да е поврзана со контаминирани сирупи за кашлица и настинки од индиски производител на лекови-предупреди генералниот директор на Светска здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејезус.

Тој додаде дека биле тестирани четири медицински сирупи за кои постои сомневање дека предизвикале смрт на 66 деца во Гамбија. Лабораториските анализи потврдиле „неприфатливи“ количини на диетилен гликол и етилен гликол, кои можат да бидат токсични и да доведат до акутно оштетување на бубрезите.

Индиското Министерство за здравство сè уште јавно не го коментира случајот.