Тајланд

Масовно пукање во градинка во Тајланд, повеќе од 30 убиени

06.10.2022 11:58

Над 30 убиени на Тајланд. Вооружен маж отворил оган во градинка во североисточниот дел на земјата, во градот Нонг-Буа Ламфу. Загинале повеќе од 20 деца, некои на возраст од едвај две години, учители, полицаец...

Над 30 убиени на Тајланд. Вооружен маж отворил оган во градинка во североисточниот дел на земјата, во градот Нонг-Буа Ламфу. Загинале повеќе од 20 деца, некои на возраст од едвај две години, учители, полицаец.

Напаѓачот си го одзел животот, а според извештаите на медиумите, тој за време на крвавиот пир користел пиштол и нож.

Меѓу жртвите се и неговата сопруга и децата. Човекот кој го извршил масакрот е идентификуван како 34-годишниот Пања Камраб, поранешен полицаец кој лани добил отказ поради вмешаност во трговија со мета-амфетамини.