Украина

Гранатирано Запорожје, дестици останаа заробени под урнатините

06.10.2022 12:31

Најмалку едно лице загина, а дестици останаа заробени под урнатините во зграда по руските напади во Запорожје. Најмалку седум руски ракети го нападнале градот што се наоѓа во близина на најголемата нуклеарна централа во Европа...

Најмалку едно лице загина, а дестици останаа заробени под урнатините во зграда по руските напади во Запорожје. Најмалку седум руски ракети го нападнале градот што се наоѓа во близина на најголемата нуклеарна централа во Европа.

Откако рускиот претседател Путин нареди преземање на контролата над најголемата европска нуклеарна централа во Запорожје, шефот на меѓународната агенција за атомска енергија Рафаел Гроси замина за Киев на консултации со украинските власти.

Во меѓувреме, украинските сили продолжуваат со напредувањето на југ и на исток враќајќи ја окупираната територија и покрај тоа што Путин изјави дека очекува ситуацијата да се „стабилизира“ во четирите украински региони што во минатата недела ги инкорпорираше Русија.