Масакар во Тајланд, премиерот нареди темелна истрага
Поранешен полицаец со огнено оружје и нож влегол во градинка во градот Нонг Буа Ламфу и го почнал крвавиот пир. Десетици луѓе се убиени, од кои над 20 деца. Настрадале и четири воспитувачки, од кои едната била во осмиот месец од бременоста...

Масакр во градинка на Тајланд. Поранешен полицаец со огнено оружје и нож влегол во градинка во градот Нонг Буа Ламфу и го почнал крвавиот пир. Десетици луѓе се убиени, од кои над 20 деца. Настрадале и четири воспитувачки, од кои едната била во осмиот месец од бременоста.
Човекот кој го извршил масакрот е идентификуван како 34-годишниот Пања Камраб, поранешен полицаец кој лани добил отказ поради вмешаност во трговија со наркотици. Тој утрото бил на суд, а според надлежните, крвавиот пир го почнал кога дознал дека неговото дете не е во градинката. Тогаш почнал за убива, се вратил во својот дом, каде им пресудил на сопругата и детето по што се самоубил.
„ Ги проверуваме мотивите. Знаеме дека бил полицаец. Можеби имал лични проблеми. Општеството мора да се грижи за сите. Можеби имал нешто во себе, се соочувал со некаков проблем. Не заземам страна. Ова не дефинитивно не требаше да се случи. Чувствувам длабока тага за жртвите и роднините. Никој не мислеше дека ќе се случи нешто вакво“, изјави премиерот на Тајланд, Прајут Чан - Оча.
Многу повредени се пренесени во болница.
„Се расчистува средишниот простор во салата. Има многу луѓе, нема доволно персонал“, велат од болницата.
Премиерот на земјата нареди целосна и темелна истрага за страотното злосторство.
Марина Ристова
