Пахор: НАТО мора да ја остави вратата отворена за Украина
Околу барањето на Украина за полноправно членство во НАТО, Пахор смета дека земјата има целосно право да ја избира сопствената надворешна и безбедносна политика и сојузот мора да ја остави вратата отворена за неа. За тоа, мора да одлучат сите 30 членки на НАТО...

Претседателот на Словенија, Борут Пахор на денешниот состанок на групата Араиолос на Малта, изјави дека НАТО мора да ја остави вратата отворена за Украина, откако Киев деновиве побара членство во сојузот. Тој истакна дека потребно е да се зачува единството на НАТО алијансата.
Околу барањето на Украина за полноправно членство во НАТО, смета дека земјата има целосно право да ја избира сопствената надворешна и безбедносна политика и сојузот мора да ја остави вратата отворена за неа.
Пахор додаде дека за тоа мора да одлучат сите 30 членки на НАТО. Тој ги повика лидерите на флексибилност кога е во прашање ширењето на ЕУ на регионот на Западен Балкан.
Во Ла Валета се одржува состанокот на лидерите на земјите од групата Араиолос. Покрај Малта, членки на групата се и Естонија, Грција, Ирска, Италија, Летонија, Унгарија, Хрватска, Германија, Полска, Португалија, Словенија и Словачка.
Во центарот на дискусијата годинава е размената на мислење за ефектите од војната во Украина на безбедноста и стабилноста во источниот и југоисточниот дел на Европа.
Лидерите на земјите членки на Европската Унија во овој формат се состануваат еднаш годишно од 2003-та година.
