САД

Конгресот ќе расправа за повлекување на трупите од Саудиска Арабија и ОАЕ

07.10.2022 09:53

Откако Организацијата на земјите извозници на нафта позната како ОПЕК+, одлучи од ноември да го намали производството на нафта, демократите во Конгресот на САД предложија нацрт-закон за повлекување на американските трупи од Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати...

Откако Организацијата на земјите извозници на нафта позната како ОПЕК+, одлучи од ноември да го намали производството на нафта, демократите во Конгресот на САД предложија нацрт-закон за повлекување на американските трупи од Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

Во документот се наведува дека во моментов се распоредени околу 5000 војници кои треба да се повлечат во рок од 90 дена по усвојување на законот.

Отстранети ќе бидат и системите за противвоздушна одбрана. Предлог-законот мора прво да биде одобрен од Претставничкиот дом, а потоа и од Сенатот, по што би следело потпишувањето од американскиот претседател Бајден.