Корејски Полуостров

Токио и Сеул со интензивирана комуникација по проектилните проби на Пјонгјанг

07.10.2022 09:53

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол и јапонскиот премиер Фумио Кишида разговараа за последните проектилни проби од Северна Кореја...

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол и јапонскиот премиер Фумио Кишида разговараа за последните проектилни проби од Северна Кореја. 

За Сеул, тестирањата на Пјонгјанг се сериозна провокација и закана за меѓународниот мир. Со властите во Токио ја потврдија важноста на одбранбените капацитет во рамките на сојузот со САД.

Државниот врв на Јапонија и Јужна Кореја нагласи дека ќе одговори на секоја наредна провокација од Пјонгјанг.