Ерменија

ЕУ ќе помага во демаркацијата на границата со Азербејџан

07.10.2022 09:56

Европската унија праќа цивилна мисија во Ерменија за помош при демаркација на границата со Азербејџан...

Европската унија праќа цивилна мисија во Ерменија за помош при демаркација на границата со Азербејџан. Процесот ќе трае два месеца и со него треба да се создаде доверба меѓу двете страни.

„Баку и Ереван би можеле да потпишат мировен договор до крајот на годината доколку има добра волја во Ерменија“, изјави азербејџанскиот претседател Илхам Алијев.