Хабл слави роденден
24.04.2014 10:36
Денес, вселенскиот телескоп Хабл го слави својот 24 роденден откако беше лансиран во орбита околу Земјата на 24 април 1990 година со помош на шатлот Дискавери.
Овој телескоп на многумина им ги долови убавините на Вселената и оттогаш стана икона која сите ја препознаваат. Најголемиот дел од прекрасните фотографии направени од подалечните објекти во Вселената потекнуваат токму од Хабл.

Како еден бонус за роденденот Ви ја прикажуваме оваа фотографија на која има илјадници галаксии за која на Хабл му беа потребни 14 часа континуирана експозиција за да ја добие. Голем дел од галаксиите што ги гледате се едни од најдалечните галаксии што ги познаваме, одалечени повеќе од 10 милијарди светлински години од нас.
Photo: Hubble Space Telescopa - NASA/ESA