Колера се шири низ Либан
Светската здравствена организација денеска соопшти дека колерата се шири низ Либан, со досега забележани повеќе од 1.400 симптоматски случаи во сите делови на земјата...

Светската здравствена организација денеска соопшти дека колерата се шири низ Либан, со досега забележани повеќе од 1.400 симптоматски случаи во сите делови на земјата.
Либанското Министерство за здравство првиот случај на болеста го пријави пред триесеттина дена, кон средината на октомври, а досега се потврдени 381 случаи, од кои 17 со фатален исход.
Директорот на регионалната канцеларија за вонредни ситуации на СЗО, Рик Бренан, изјави дека најверојатно бактеријата што ја предизвикува болеста е пренесена од Сирија, каде се пријавени околу 20 илјади случаи заболени со симптоми на колера.
