МРТ
Лара, Јован и Ирина со „Животот е пред мене“ на Јуниорски Евросонг 2022
03.11.2022 20:35
Лара, Јован и Ирина со песната „Животот е пред мене“ чиј автор е Симон Трпчевски, продуцент Дарко Димитров, а текстот е на Јован Трпчески и Лара Трпческа, на евровизиската сцена ќе застанат на 11-ти декември во Ереван...

Готов е видеоспотот за песната која годинава ќе нè претставува на 20-то издание на Јуниорскиот Евросонг.
Лара, Јован и Ирина со песната „Животот е пред мене“ чиј автор е Симон Трпчевски, продуцент Дарко Димитров, а текстот е на Јован Трпчески и Лара Трпческа, на евровизиската сцена ќе застанат на 11-ти декември во Ереван, по победата која Малена ѝ ја донесе на Ерменија.
Ерменскиот национален сервис како домаќин и ЕБУ ветуваат одлична програма. Директен пренос ќе има и на програмите на Македонската радио-телевизија.
