Обид за атентат врз поранешниот премиер на Пакистан
Според извештаите, Кан бил застрелан во ногата и се работи за обид за убиство, јавуваат локалните медиуми. Тој бил во источниот град Гујранвала додека го водел протестниот марш кон Исламабад...

Поранешниот пакистански премиер Имран Кан е ранет денеска откако било пукано кон неговиот конвој на истокот од земјата, јавија локалните медиуми.
Според извештаите, Кан бил застрелан во ногата и се работи за обид за убиство, јавуваат локалните медиуми. Тој бил во источниот град Гујранвала додека го водел протестниот марш кон Исламабад.
Според информациите од медицинските служби, експремиерот е во стабилна состојба.
Многубројни локални медиуми објавија дека се слушнале повеќе истрели во близина на колоната возила во која се наоѓал Имран Кан.
Членови на неговата партија ПТИ соопштија дека уште четири лица се повредени, но никој не е убиен.
