Руско - украински конфликт

Зеленски: 4,5 милиони луѓе останале без струја по руските напади

04.11.2022 09:20

Украинскиот претседател Зеленски ја обвини Русија за „енергетски тероризам“ бидејќи руските трупи имале слаби резултати на бојното поле. Обвинувањата доаѓаат откако се појавија извештаи дека руските војници го напуштаат окупираниот град Херсон, што сигнализира големо повлекување од страна на Москва...

Украинскиот претседател Зеленски ја обвини Русија за „енергетски тероризам“ бидејќи руските трупи имале слаби резултати на бојното поле. Рече дека 4,5 милиони луѓе останале без струја по руските напади врз енергетската мрежа. Зеленски истакна дека тоа е знак на слабост со оглед на тоа дека руските сили не напредуваат на фронтот.

„Околу 4,5 милиони потрошувачи се привремено исклучени од мрежата. Тие не можат да ја победат Украина на бојното поле, па на овој начин се обидуваат да го нападнат нашиот народ“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Обвинувањата доаѓаат откако се појавија извештаи дека руските војници го напуштаат окупираниот град Херсон, што сигнализира големо повлекување од страна на Москва. Руското министерство за одбрана потврди дека тие се насочени кон украинската енергетска инфраструктура.