НАТО

Столтенберг инсистира на брз прием на Шведска и Финска во НАТО

04.11.2022 09:44

Финска и Шведска ги исполниле условите поставени од Турција за приклучување на двете земји во НАТО, смета генералниот секретар на Алијансата, Столтенберг. Тоа ќе го „зајакне НАТО и ќе ја зголеми безбедноста...

Финска и Шведска ги исполниле условите поставени од Турција за приклучување на двете земји во НАТО, смета генералниот секретар на Алијансата, Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО инсистира двете земји да се приклучат на одбранбениот сојуз што е можно поскоро. Бидејќи, како што вели, тоа ќе го „зајакне НАТО и ќе ја зголеми безбедноста. Финска и Шведска поднесоа барање за влез во НАТО во мај како резултат на руската агресивна војна против Украина.